Mенаџирање на одбраната во поширок безбедносен контекст Печати
Среда, 02 Јули 2014 09:53

Во периодот од 1ви до 13ти јуни 2014та година, во Охрид се одржа семинарот “Менаџирање на одбраната во поширок безбедносен контекст” во организација на Британската амбасада и Министерството за одбрана на Република Македонија. Наставниот дел го имплементираа професори од британскиот унивезитет Кренфилд, кој е дел од системот за едукација во одбраната во Велика Британија.

vest 2

Составот на учесниците на овој семинар зафати широк спектар на различни профили поврзани со одбраната: АРМ, министерството за одбрана, министерство за финансии, влада, невладиниот сектор и медиумите. Исто така, овој семинар имаше и регионален карактер со учесници од Црна Гора, Албанија и Косово.

vest 1

Претставник од ЕАСМ на овој семинар беше Јордан Тасев. Преку учеството во работилниците и предавањата имаше активен придонес кон семинарот. На крајот на семинарот даде и изјава за медиумите: “Семинарот е комплементарен на нашите цели за интеграција во НАТО и ЕУ како Македонија ја третира безбедноста во поширок аспект. Посебно беше задоволството што на курсот имаше луѓе од различни профили, одбрана, влада, и од невладиниот сектор.

Придонес дадоа и колегите од регионот и од Министерството за одбрана. Се што научивме беше предавано и е од највисок квалитет од британското искуство, и се надевам дека секој од нас ќе може да го примени во нивните институции”.