|
Годишниот пролетен состанок на АТА се одржа во периодот 21 – 22 мај 2013 година во Брисел, Белгија. Пролетниот состанок имаше два работни денови во седиштето на НАТО и АТА.

За време на првиот работен ден претставници од НАТО и АТА се сретнаа да го дискутираат идниот ангажман на АТА во политиките на НАТО и идните партнерства. Исто така се држеа и интензивни дискусии за зајакнување на трансатлантскиот линк и предизвиците со кои АТА треба да се соочи во претстојниот период. За време на овој работен ден имаше презентации од високи НАТО претставници, меѓу кои:
• Aмб. Колинда Грабар – Китарович, Заменик генерален секретар за јавна дипломатија на НАТО • Д-р Џејми Шеј, Заменик на помошникот на генералниот секретар на НАТО • Г-дин Ерик Повел, НАТО секцијата за ангажмани
Денот заврши со амбасадорскиот форум за политика на клучните приоритети на НАТО презентирани од германскиот амбасадор во НАТО, Амбасадор Мартин Ердман и шведскиот амбасадор во НАТО, Амбасадор Вероник Ванд – Даниелсон.

Вториот работен ден беше одржан во седиштето на АТА, каде што делегациите од АТА се собраа за една сеопфатна дискусија за иднината на Асоцијацијата. Денот беше отворен од д-р Карл Ламерс, претседателот на АТА. Генералниот секретар на АТА, г-дин Џузепе Белардети го презентираше акциониот план “улогата на секретариатот на АТА: проценка, приоритети и сервис.” По г-дин Белардети, трезорот на АТА, г-дин Жан – Пол Промонт го презентираше извештајот за финансиите на АТА.

Важноста на вредносите на младите беше потвредена со можноста доделена на г-дин Жоао Фреитас да го презентира извештајот за активностите на ЈАТА. Специјално објаснување беше дадено за ЈИЕ работната група и за првиот регионален магазин на ЈАТА, SEE Review чиј издавач е ЈАТА Македонија.
Денот продолжи со презентации на: • Г-дин Давид Хобс, Генерален секретар на НАТО парламентарното собрание • Г-дин Иан Лесер, Извршен директор на German Marshall Fund • Д-р Жак Пелкман, Институт Бриж • Д-р Фран Бурвел, Потпретседател и директор на програмата за трансатлантски односи, Атлантскиот Совет на САД
На овој состанок на советот на АТА, Евро – Атлантскиот Совет на Македонија беше претставен од г-дин Исмет Рамадани, потпретседател на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија и г-дин Илија Џугуманов, претседател на ЈАТА Македонија/потпретседател за јавна дипломатија на ЈАТА.
 |