Собирна акција Печати
Петок, 15 Март 2013 10:26

Младината на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија и Црвениот крст на Република Македонија во рамките на проектот “НАТО Недела – Обезбеди ја иднината“, организираат собирна акција.



Донациите од собирната акција во храна и основни средства за лична хигиена(сапун, брич, шампон, долна облека, прашак за перење и сл.) ќе бидат наменети за бездомниците од Пунктот за бездомници кој се наоѓа во Момин Поток и 120 стари изнемоштени лица вклучени во проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ на Црвен крст на град Скопје.

Донираната храна за овие две целни групи ќе биде од исклучително значење доколку истата е конзервирана (гулаш, риба, грав и сл.) или зимница. Доколку остварите донација на машки обувки со броеви поголеми од 39 истите ќе бидат од голема корист.

Сите донации можете да ги доставите во канцелариите на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, ул. Македонија 22/1/15 (секој работен ден од 09 – 16 часот) или пак да не контактирате на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и 02/316 22 21.

Собирната акција ќе трае од 15 март – 26 март 2013 година.

Ја очекуваме вашата хуманост! Секој прилог е добредојден!