| Регионален ПОСТ ИСАФ: истражувачката фаза заврши. Останатото допрва следи. Навлегување во втората фаза! |
|
| Вторник, 04 Декември 2012 14:57 |
|
Истражувачкиот теам на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, предводена од г-дин Илија Џугуманов, Претседател на МЕАСМ, го заврши патувањето низ Балканот. Истражувачките тимови одржаа интервјуа како дел од истражувачката (прва) фаза за проектот: “Регионална Пост ИСАФ вклученост – научени лекции и наследствито за идните експедициски мисии на А-5 земјите”
Минатата недела еден од тимовите на MEACM ги посетија Албанија, Црна Гора и Србија. Во Тирана тие се сретнаа со претставници на Атлантскиот Совет на Албанија каде што заедно ги разгледаа и дискутираа можностите за регионална соработка. Понатаму, во Подгорица тие се сретнаа г-дин Саво Кентера, Претседател на Атлантскиот Совет на Црна Гора, каде што започнаа да ја градат сликата за позицијата на Црна Гора за прашањата поврзани во фокусот на ова истражување. Во Подгорица тимот имаше инспирирачки брифинг со Амбасадата на САД каде што беа поздравени од страна на Заменик шефот на мисијата., г-дин Даглас Џонс и неговиот тим, кои искажа одлични погледи во однос на позицијата на Црна Гора и можното учество во Авганистан после 2014. За време на престојот во Црна Гора, тимот се сретна со претставници на академската заедница кои дадоа нивно видување околу прашањата. Белград беше последната станица за првиот тим кој таму се сретна со претставници на Атлантскиот Совет на Србија. Понатаму, тимот имаше средби со проминентни личности од академската заедница, како д-р Предраг Симиќ, Директор на Институтот за меѓународна политика и д-р Зоран Драгишиќ кој предава Политички систем и безбедносен менаџмент.
Исто така, беа направени средби со претставници од медумите. Една од нив беше со г-дин Ратко Фемиќ од “Нови Магазин”, а другата со г-дин Ненад Радичевиќ, Заменик уредник во “Политика”.
Нашиот втор тим, исто така, го комплетираше своето истражување во Босна и Херцеговина. Во Сараево тие имаа официјална средба во Министерството за одбрана на БиХ претставено од страна на полковник Синиша Остојиќ. Претставниците на академската заедница, како д-р Неџад Корајлиќ, Декан на Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии, исто така, даде негово видување на темата. Задолжително е да се напомене интервјуто со поранешниот Министер за одбрана д-р Селмо Цикотиќ кое претставуваше големо искуство за нашите претставници. Нашиот тим, исто така имаше средби и со преставници на Атлантската иницијатива на БиХ.
Во рамките на посетата, нашиот тим учествуваше на семинар на тема: “Операциите за поддршка на мирот во современ геостратешки контекст”одржа во просториите на Тренинг центарот за операции за поддршка на мирот (Peace Support Operations Training Centre - PSOTC) во кампот Бутмир. Семинарот беше организиран од PSOTC и Атлантската иницијатива на БиХ.
Како дел од истражувачката фаза, проектниот тим исто така собираше информации преку прашалници. Официјално, одговорени прашалници пристигнаа од сите А5 земји плус Србија, од Министерствата за одбрана, различни граѓански организации вклучувајќи ги и АТА партнерските организации од регионот, професори и академска заедница, приватни компании, медиуми, млади како и прашалници кои имаа за цел мерење на јавното мислење. Сега кога истражувачката фаза дојде до крајот и истражувачкиот тим ги анализира материјалите собрани од истражувањето, останатото допрва следи. Проектот сега влегува во втора фаза – дво дневна конференција од регионален карактер која ќе ги вклучува државите од А5 групата (Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина), Србија, САД, Авганистан како и НАТО. Конференцијата ќе опфати широка платформа, вклучувајќи високи владини и невладини претставници, експерти од регионот, граѓани, експерти на одредена тема, медуми и широка публика. Конференцијата нема да биде само обична средба за размена на мислења туку ќе има за цел да понуди ефективни практични решенија/препораки кон државите од Западен Балкан за идно унапредување на вклучувањето по завршувањето на ИСАФ мисијата. Интересно ќе биде тоа што младите истражувачи од МЕАСМ ќе имаат единствена можност да ги презентираат резултатите од нивното истражување пред високи претставници на НАТО и други експерти од регионот. По завршувањето на истражувањето и извлекувањето на резултатите од конференцијата, директорот на проектот д-р Методи Хаџијанев и проектниот тим ќе изработат публикација со препораки. Публикацијата ќе вклучува единствени препораки базирани на сеопфатно опфаќање на определената тема, претпоставки како и на деталното и исцрпно истражување од истражувачкиот тим. |