Церемонија на изразување благодарност до амбасадорите на Кралството Норвешка и Република Словенија, г-дин Кјетил Паулсен и г-дин Алан Бергант Печати
Вторник, 26 Јуни 2012 18:43

Евро- Атлантскиот Совет на Македонија на 26 јуни 2012 година (вторник),  организираше церемонија за изразување на благодарност на Амбасадорот на Кралството Норвешка, Н.Е.



Г-дин Кјетил Паулсен и на Амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Г-дин Ален Брајан Бергант, по повод завршувањето на нивниот мандат во Република Македонија.

Церемонијата ја водеше претседателот на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија и потпретседател на Светкската Атлантска Асоцијација, г-дин Лазар Еленовски. Тој им изрази благодарност на амбасадорите Паулсен и Бергант за нивната поддршка на Евро- Атлантскиот Совет на Македонија, како и на мисијата за интеграција на Македонија во НАТО за време на нивниот мандат во земјата. По кратките говори тој им додели благодарници и подароци на амбасадорите Паулсен и Бергант.

На настанот присуствуваа поголемиот дел на димпломатскиот кор во Република Македонија, меѓу кои и амбасадорите на:

Велика Британија, Франција, Шпанија, Словачка, Чешка, Бугарија, Романија, Албанија, Грција, Хрватска, претставници од амбасадите на Германија, САД, Италијa и Турција. Исто така на настанот присутни беа претставниците на министерството за надворешни работи и одбрана, претставници на генералштабот на Армијата на Република Македонија, претставници од цивилниот сектор, членовите на ЕАСМ и медиумите.