Вовед во работата на ЕАСМ на Резолуцијата 1325 на СБ на ОН Печати
Среда, 15 Февруари 2012 18:38

Првата резолуција за жените, мирот и безбедноста – Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на Обединетите Нации едногласно беше усвоена од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации на 31-ви октомври 2000 година.


Резолуцијата 1325 на СБ на ОН има за цел да го зголеми учеството и застапеноста на жените на сите нивоа на одлучување, да обезбеди заштита на специфичните потреби кои жените и девојчињата ги имаат во време на конфликти, како и ја зема предвид родовата перспектива во пост-конфликтните процеси како и во планирањето на ОН и мировните операции на ОН.

Стратешкиот концепт на НАТО од 2010 година ја вклучува родовата димензија во одбраната и безбедноста. Алијансата е цврсто посветена на родовото усогласување во сите политики и програми.

Во таа насока, како организација која работи во областа на безбедноста и меѓународните односи, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (ЕАСМ) е посветен на резултатите и постигнувањата од имплементацијата на Резолуцијата 1325 на СБ на ОН на национално, регионално ниво како и во рамки на ОН и НАТО.

Проектот ги разгледува рамките на ОН и НАТО како и резултатите и предизвиците кои постојат за имплементација на Резолуцијата 1325 на СБ на ОН. Во духот на нашата регионална соработка, ЕАСМ ја разгледа и имплементацијата во регионот: Албанија како НАТО членка, Босна и Херцеговина како земја со специфично конфликтно и пост-конфликтно искуство и Бугарија како земја членка на НАТО и ЕУ. Им благодариме на атлантските асоцијации од овие земји кои дадоа придонес кон нашите напори во проектот.

Од ова истражување ЕАСМ создаде и неколку препораки кои ги нуди за понатамошната имплементација на Резолуцијата 1325 на СБ на ОН со цел да се постигнат подобри резултати. Упатуваме благодарност до сите кои на некој начин соработуваа со нас додека траеше проектот: Министерството за одбрана, Министерството за труд и социјална политика, Канцеларијата на ОН-Жени во Македонија, Атлантскиот Совет на Албанија, Атлантска Иницијатива од Босна & Херцеговина и Атлантскиот Клуб на Бугарија.

Нашата благодарност оди до НАТО Секторот за јавна дипломатија и Амбасадата на Кралството Норвешка во Македонија кои го поддржаа овој проект. Нивната поддршка кон мисијата на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија во изминатите неколку години беше клучна во имплементацијата на евро-атлантската идеја и вредности во нашето општество.