Претседателот на МЕАСМ на конференција за евро – атлантската иднината на младите Печати
Среда, 08 Февруари 2012 18:23

На 07 фебруари 2012 година, претседателот на Младината на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, Илија Џугуманов учествуваше на конференцијата „Европската иднина на младите“. Настанот се одржа во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје и беше организиран од Европскиот центар SN7.

 

Џугуманов беше поканет да зборува во првиот дел на темата: „Евро-атлантската иднина на младите“.

Конференцијата претставуваше добра можност да се споделат идеи и мислења на еден отворен форум, каде што присуствуваа голем број младински лидери од земјата.

На конференцијата присуствуваа и членовите од Претседатеството на Младината на Евро-Атланскиот Совет на Македонија.

ЈАТА Македонија