Лазар Еленовски на тркалезната маса на тема "Македонија, Регионот и Евроатланските Интеграции“ 07.03.2012 Печати

Министерството за одбрана на Република Македонија организира Тркалезна маса на тема “Македонија, Регионот и Евроатлантските интеграции” на 07.03.2012 во Дом на АРМ, Скопје. Во очекување на Самитот на НАТО во Чикаго, оваа Тркалезна маса има за цел да поттикне дискусија за патот на Република Македонија кон Евроатлантската заедница.

 

На тркалезната маса ќе учествуваат министерот за одбрана на РМ, министерот за надворешни работи на РМ, членовите на парламентарната Комисија за одбрана и безбедност, поранешни министри за одбрана и амбасадорите на земјите членки на НАТО во Република Македонија.

Претседателот на Евро – Атлантски Совет на Македонија, г-дин Лазар Еленовски ќе се обрати на тркалезната маса.