Резолуција 1325 на ОН: Women Count for Peace Печати
Недела, 02 Октомври 2011 00:00

Жените и децата станаа примарни цели во денешните вооружени конфликти и тие претставуваат невидени жртви. Истовремено, се појавуваат и како неопходни партнери во создавањето на одржлив мир и како водачи во создавањето на нови меѓународни закони кои ги уредуваат конфликтите.

Имајќи предвид дека мина една декада од едногласното усвојување на ОН Резолуцијата 1325, посветен е огромен број на иницијативи за спроведување на УН 1325. Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, организација која работи во полето на безбедноста и меѓународните односи, ја демонстрира својата посветеност со тоа што работи токму на оваа значајна резолуција, вклучувајќи ги тука и постигнувањата од нејзиното спроведување на национално, регионално и на ниво на НАТО. Понатаму, имајќи предвид дека Стратешкиот концепт на НАТО усвоен во 2010 се упатува токму на родовата димензија во одбраната и безбедноста и цврстата посветеност на Алијансата кон родово претструктуирање, проектот Евро-Атлантскиот Совет на Македонија се стреми кон расветлување на важноста од спроведувањето на оваа Резолуција со што би се засилила улогата на жените на глобалната сцена. Овој фокус вклучува и потенцирања на стожерната улога која жените треба да ја имаат во справувањето со конфликти, нивното решавање, како и обезбедување на одржлив мир.

Во декември 2011 година, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија ќе го претстави извештајот на ОН 1325: Women Count for Peace и ќе одржи еднодневна конференција за да ја одбележи оваа значајна резолуција. Насочени кон пренесување на ветувањето содржано во ОН 1325 во конкретни дејствија, оваа публикација и самиот настан ќе имаа за цел да го разгледаат напредокот постигнат во текот на нејзината имплементација; промовирање на поголема вклученост на жените во агендата за меѓународен мир и стабилност; признавање на улогата на жените во создавањето на мир, како и непропорционалното влијание на конфликтите врз жените и децата.
На еднодневниот настан ќе има и невообичаена коалиција на национални и меѓународни учесници, вклучувајќи и владини претставници од ОН, НАТО и САД, меѓународните дипломатски заедници, воен персонал, академици, граѓанското општество и практичари од полето на безбедноста, развојот и решавањето на конфликти.