Говор - Н.Е. Амбасадор Жан – Клод Шлумберже Печати
Недела, 06 Ноември 2011 00:00

„Јавна промоција на НАТО моделот „Smart Defence“
21-ви ноември 2011, Дом на АРМ, Скопје


Г-ин министер,
Г-н претседател,
Почитувани колеги,
Дами и господа,


Ви благодарам многу, г-ине Претседател што презедовте иницијатива за организирање на овој многу корисен настан што покажува волја на реално вклучување на Македонија во проблематиката на НАТО.

Во вакви случаи, кога се зборува по неколку учесници, тоа може да води до две можности:
-    или да се зборува многу кусо, за да не се повтори она што веќе било речено
-    или да се изразат нови идеи кои не се кажани.

Ќе се обидам да ги направам двете.

А за тоа ќе се концентрирам на „францускиот начин“ на гледање на прашањето „Smart Defence“.

===

Како што знаете, Франција секогаш го имала она што може да го наречеме сопствен начин на справување со одбранбените прашања.

Од пристапувањето кон статусот на нуклеарна сила во текот на претседателствувањето на генерал Де Гол, многу настани докажаа дека Франција секогаш посакувала да ја зачува својата автономија во ова поле, но секако и да игра меѓународна или мултинационална игра преку НАТО, а и преку ЕУ.

Кога претседалот Саркози одлучи дека Франција целосно ќе се реинтегрира во воените структури на НАТО, тој разјасни:
-    ништо нема да биде отстрането од нашата национална сувереност и
-    дека овој потег ќе биде рамо до рамо со подигнувањето на европската одбрана.

Овие елементи се мошне важни со цел да се разбере она што ќе го кажам сега за гледиштето на Франција кон концептот „Smart Defence“.

===

1/ Прво, Франција ја поздрави иницијативата на генералниот секретар Андерс Фон Расмусен за „паметната одбрана“.

Како што францускиот министер за одбрана, Жерар Лонже рече во Брисел, оваа иницијатива треба да ги охрабри сојузниците да работат подобро и да ги користат заштедите, не да ги натера да трошат помалку. Алијансата мора да го одржи своето технолошко водство, тоа е прашање од витална важност.

И покрај тешките буџетски услови, Франција ги одржува своите национални напори во поглед на капацитетите.

Дури и по одредени кратења поради економската криза, францускиот одбранбен буџет за 2012 ќе се зголемува, до 31,5 милијарди евра.

И се надеваме дека нашите партнери може да ги одржуваат и развиваат своите одбранбени напори на долг рок.

Целта на „Smart Defence“ е да ги зголеми одговорностите на Сојузниците и да ги натера да ги развиваат своите капацитети, не да ги разблажуваат преку заедничко финансирање. „Трошете подобро, а не помалку“ е добро мото.

2/ Франција има активно учество во процесот на „ Smart Defence“. Ние ја искажавме нашата намера да учествуваме во 12 од 46 проекти кои ги презема Сојузничката команда за трансформација, АЦТ.

Ние сме за прагматичен пристап, за иницијативи со мали групи, наместо со сите 28 членки, мали групи кои со тек на времето може да се зголемат.

3/ Примерот на француско-британската соработка, кој беше потенциран од страна на Кристофер, сведочи за нашата обврзаност кон мултинационалните пристапи, вклучувајќи ги и најстратешките работи.

Искуството со Либија беше навистина добар приказ за тоа какви резултати може да покажат нашите две земји. Ја покажа способноста на главната група европски земји брзо да ги преземаат операциите.

Во текот на целата операција со Либија, соодветното функционирање на француско-британскиот тандем беше од суштинско значење: ова заедничко водство ја дозволи еволуцијата на управувањето со операциите во критичните моменти (како што беше вклучувањето на хеликоптери за напад, развивање на поморската поддршка, секвенцирањето на крајот на операциите).

Сосема природно, како и секогаш, имаше одредени разидувања и несогласувања, но тие беа лесно надминувани.

4/ Како што веќе споменав, сметам дека е неопходно да се земе предивд националната автономија на одлучување во рамките на употреба на мулти-национално развиените капацитети.

Уште повеќе, сите операции спроведени од страна на сојузниците, не се водат во рамките на Алијансата: тоа може да се спроведува преку ОН, ЕУ или на национално ниво.

===

5/ Ја споменав врската која ја ставаме меѓу НАТО и ЕУ во поглед на одбраната, со тоа што ние ја сметаме ЕУ како суштински, стратешки партнер за НАТО.

Ние особено инсистираме на комплементарност, а со тоа и на спојување на мулти-националните пристапи во рамки на „ Smart Defence“ и проектите кои ги спроведува ЕУ во рамките на Европската агенција за одбрана во својата иницијатива „pooling and sharing“.

Мора да се примени принципот на изборност: за секој проект треба да се избере најсоодветната рамка.

6/ Постојат неколку начини да се развие оваа заедничка европска одбрана.

Може да се започне со билатерална соработка, која подоцна може да биде проширена. Таков беше случајот со Француско-германската бригада создадена во 1989 година од која во 1993 ги добивме Еурокорпс.

Таков е и случајот со Француско-британската соработка и тоа не случајно, затоа што Франција и Обединетото Кралство се меѓу четирите европски земји (можеби сега се и помалку) кои го почитуваат прагот од 2% од БДП за одбраната, како што е препорачано од НАТО.

7/ Сега, по Лисабонскиот договор, имаме нова рамка за развивање на европска цивилно-воена политика, односно Заедничката безбедносно-одбранбена политика (CSDP) која е оперативен дел од Заедничката надворешно-безбедносна политика.

Можноста за нови механизми е воведена, ширејќи го притоа полето на засилените соработки во одбранбените политики односно она што што денес го нарекуваме Постојана структурирана соработка.

Франција, Германија и Полска, трите земји кои го формираат она што го знаеме како „Вајнмар триаголник“ презедоа иницијатива, сега забележливо поддржана од Италија и Шпанија, што го отвори патот за извештајот на Кетрин Ештон кој посочува кон работа во неколку насоки, вклучувајќи ја и поделбата на капацитетите, создавањето постојан цивилно-воен капацитет за оперативно планирање и засилување на врските меѓу ЕУ/НАТО.

===

Ова ме враќа на „ Smart Defence“ концептот на НАТО и до потврдата дека овој концепт е еднакво важен, без разлика дали го гледаме од аспект на земја членка на НАТО или на ЕУ.

Дури и ако постојат разлики меѓу 28-те земји членки на НАТО во имплементацијата на овој концепт, особено за начинот на неговото финансирање, можам да претпоставам дека тие ќе бидат на високо место и ќе бидат позитивна тема за агендата на следниот НАТО Самит во Чикаго.

превод од англиски: Стефанија Маџоска