Вести:
Tools
Македонија влезе во НАТО! PDF Печати Е-пошта

Македонија е 29-та земја членка на НАТО! Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО денеска едногласно ја поканија Македонија да стане членка на Атлантската алијанса.



Евентуалниот влез на Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе биде разгледан на следниот состанок во 2012 година.

Ова е исходот од НАТО Студентската симулација која се одржа денеска на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во организација на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија. Република Македонија, после долги преговори, влезе во НАТО, по претходно потпишана резолуција со Грција за спорот со името.

НАТО Студентската симулација која се одржа на ниво на министри за надворешни работи, ја разработуваше темата „Проширување на Западен Балкан“. Четириесетина студенти од универзитетите во Македонија, како и гостите од Атлантските асоцијации на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Данска, денеска имаа можност да учествуваат на настанот во организација на Евро-Атлантскиот Совет и со тоа да ги покажат своите знаења и да ги унапредат лидерските способности. По исцрпната дебата, студентите во улога на министри за надворешни работи, усвоија декларација за стабилност и проширување, во која се согласија дека ќе продолжат со ширењето и градењето на евро-атлантските вредности и со зачувување на мирот и стабилноста.



Евро-атлантскиот Совет на Македонија, со поддршка на НАТО Секторот за јавна дипломатија, по вторпат организира НАТО симулација која е единствена по својата форма во државата и со тоа им дава единствена прилика на студентите со своите улоги да носат одлуки кои се од важност за евро-атлатското семејство.

На официјалното отворање, на студентите им се обратија Лазар Еленовски – претседател на ЕАСМ, Н.Е. Марија Хенриет Шурман – амбасадор на кралството Холандија и НАТО контакт амбасада за Македонија, како и професор Амдулменаф Беџети – проректор на Универзитетот на Југо-истоична Европа.

 

Публикации

3natosim