Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА АТА МАКЕДОНИЈА
ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА АТА МАКЕДОНИЈА PDF Печати Е-пошта
Петок, 15 Декември 2017 14:43

Завршната конференција од истражувачкиот проект на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, насловен „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на евро-атлантските интеграции“ се одржа на 13.12.2017 (Среда) во Скопје, во просториите на Клубот на Пратеници.

1

Целта на проектот е да ги поттикне младите активно да учествуваат во градењето на демократските процеси и со тоа да придонесат во процесот на евро-атлантските интеграции, развивањето дијалог, градењето капацитети, како и вмрежувањето на младите и младинските организации.

4

На отворањето на завршната конференција говореа Премиерот г-дин Зоран Заев и Претседателот на Собранието на Република Македонија, г-дин Талат Џафери, како и Потпретседателот на Светската АТА, Владан Живуловиќ.

Модератор на отварањето беше г-дин Илија Џугуманов, претседателство на АТА Македонија.

2

По отварањето на конференцијата, се обрати Претседателот на АТА Македонија г-дин Исмет Рамадани кој притоа истакна дека шансата која сега се отвора на Македонија по 10 години по Самитот на НАТО во Букурешт, треба да се искористи. Тој ја потенцираше улогата на младите луѓе во овие процеси како важен придонесувачки сегмент.

5

Претседателот на Собранието, г-дин Талат Џафери ја потенцираше важноста на дијалогот на младите и евро-атлантските процеси како начин на решавање на отворените прашања со цел поголема стабилност на регионот и евроатланска перспектива истакнувајќи дека: “Зад овие позитивни трендови, стои само една алатка а тоа е дијалогот. Дијалог на внатрешен план, меѓу политичките субјекти, дијалог со експертската јавност, со невладиниот сектор, дијалог и отвореност со медиумите.”

6

Во своето обраќање, Премиерот Зоран Заев посочи дека граѓаните на Македонија се убедени дека Република Македонија ги заслужува евроатлантантските перспективи. Тој меѓу другото изјави: “Над 75 проценти од сите наши граѓани посакуваат членство во ЕУ и НАТО. Владата, со поддршка од граѓаните и од нашите меѓународни партнери го трасира патот на нашата држава кон НАТО.”Тој додаде дека Република Македонија секогаш ќе дава позитивен придонес во секој вид на иницијативи кои ќе донесат поширока и подобра соработка во регионот. Тој се осврна и на другите показатели на истражувањето кои укажуваат на фактот дека младитене се доволно вклучени во процесите поврзани со евро-атланските интеграции и посочи дека сега е време тоа да се промени.

7

Г-дин Владан Живуловиќ, Потпретседател на Светската АТА, ја истакна потребата од заедничка соработка, како и перспективите кои би и се отвориле на Македонија и на младите по влезот во НАТО и ЕУ. Тој, исто така, додаде дека "реформите што ги спроведе Македонија во текот на изминатите десет години претставува основа за нејзината претстојната евроатланска интеграција".

11

По воведините обраќања, беа одржани две панел дискусии. На првиот панел се дискутираше за домашната и институционална перспектива кога е во прашање инклузијата на младите во демократските процеси. Говорници на првиот панел беа: Д-р. Беким Максути, Заменик Министер за Одбрана на Република Македонија; H.E г-ѓа. Сибил Сутер Тејада, Амбасадор, Амбасада на Швајцарија во Македонија; Потполковник Ивајло Тоширов, Канцеларијата за Врски на НАТО во Скопје и Марија Јанкулоска, Координатор за Истражување, YATA Македонија. Модератор на панелот беше г-дин Виктор Андонов, Генерален Секретар на АТА Македонија.

12

13

14

Регионалната димензија и перспективите за регионална соработка беа во фокусот на вториот панел. Говорници на вториот панел беа: Полковник Љубе Дукоски, Потпретседател на АТА Македонија, Н.Е. г-ѓа Бисерка Бенишева, член на одборот на Атлантскиот клуб на Бугарија; Г-дин Владе Радуловиќ, Проект Директор при Атлантски Совет на Србија и д-р Бејтуш Гаши, Извршен Директор на Евроатлантското Здружение на Косово.

15

16

17

18

Притоа, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија ја одбележа и 20-годишнината од своето основање.

10

По завршувањето на конференцијата, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија одржа прием на кој беа доделени благодарници за подршка и придонес во ширењето на Евро-Атлантските вредности.

8

9

19

20

21


 

Публикации

simulacija5