Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Трета и Четврта Работилница
Трета и Четврта Работилница PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 27 Ноември 2017 08:51

На 21 и 22 ноември 2017 година, во просториите на Државниот универзитет "Гоце Делчев" Штип, Евро-Атлантскиот совет на Македонија го заокружи циклусот на работилници кои се дел од тековниот истражувачки проект, насловен: "Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на евро-атлантските интеграции".

DPKAt55WkAAvv 2

Тековниот проект вклучува истражување (кое се состоеше од теренски и онлајн анкети) и организирање на 4 јавни работилници спроведени во четири градови во Македонија, а две од нив веќе беа одржани во Тетово и Струга, чија цел беше промовирање на резултатите од истражувањето и стимулирање на дискусија за оваа важна тема.

Третата и четвртата работилница беа организирани во Штип (21-ви ноември) и Струмица (22-ри ноември) во просториите на Државниот универзитет "Гоце Делчев" Штип.

DPKAt53XUAEAiRu

На првата работилница, модераторот и координатор на проектот г-дин Илија Џугуманов накратко ја образложи целта на проектот и важноста од оваа дебата за унапредување на демократијата во Македонија.

Г-дин Исмет Рамадани, Претседател на ЕАСМ  подвлече дека НАТО не е само воена алијанса, туку и политичка и дипломатска организација во која младите се значаен фактор и од кои зависи прогресот во едно општество.

Потполковник Антонио Бароне од НАТО Канцеларијата во Скопје укажа дека интеграцијата е од огромна важност за Македонија, а посебно за просперитетот на младите кои мора да придонесуваат за подобра заедничка иднина.

Проф. д-р  Мерсел Биљали истакна дека интеграција е пред се од интерес за младите и за нивниот развој имајќи ги во предвид вредностите за кои НАТО се залага.

DPKAt55W0AAH7Vd

На втората работилница одржана во Струмица, Г-дин Исмет Рамадани, упати на потребата организирано да се настапува, а младите да се  активно ангажирани во Евро-Атлантските интеграции, кои би значеле гарантирана перспектива која ќе стимулира оригиналност и креативност.

Деканот на универзитетот "Гоце Делчев" Штип, проф. д-р.  Јован Ананиев укажа дека би се демократизирал системот повеќе доколку младите би биле вклучени во  Евро-Атлантските интеграции, базиран на демократски вредности и принципи. Тој апелира за проактивност на младите во овој поглед, но и на одговорноста да се доближи Алијансата до младите.

Проф. д-р Зоран Шапурич истакна дека интеграцијата е единствен можен пат за Македонија. Според него, НАТО и ЕУ се гаранција за стабилност и предуслов за релаксација на односите со соседите, а дебатите се од голема важност во овие процеси.

Н. Е. Амбасадор Данијела Баришиќ даде компаративен осврт со примерот на Хрватска и укажа дека интеграцијата е важен процес кој помага во изградба на цврсти институции. Таа се произнесе дека промена на пристапот за да се допре до младите е неопходен.

DPQK4a-X0AA6acR

Полковник Спиридон Милокарактис од НАТО Канцеларијата во Скопје ги потенцираше придобивките кои би ги имала Македонија, а воедно и младите доколку Македонија стане членка на НАТО.

Проф. д-р  Мерсел Биљали уште еднаш ги истакна предностите од НАТО интеграциите како што се владеење на правото, рамноправност, повисок стандард, општ развој, како и посоодветни работни места за младите.


 

Публикации

3natosim