Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Говори|Јадранската повелба Модел за успешна иницијатива во Западен Балкан
Јадранската повелба Модел за успешна иницијатива во Западен Балкан PDF Печати Е-пошта
Четврток, 26 Декември 2013 13:55

16 Интернационална конференција на АСА
“За поголема улога на балканските држави во меѓународната безбедност”
20 декември 2013, Тирана, Албанија

Исмет Рамадани, Потпретседател на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија

foto 72

Почитуван г-дин Старова,
Почитувани организатори и учесници,

Логично е да се каже дека детермираноста да се креираат евро – атлантски вредносни во нашите држави и во регионот треба да ги следат динамиките и развојот во Северноатлантската алијанса. Наша обврска како атлантисти е да предлагаме идеи и иницијативи што ќе ја продлабочат соработката меѓу нашите држави во Западен Балкан, дури и пошироко.

Затоа, во развојот на Северноатлантската алијанса низ историјата ние бевме сведоци на многу иницијативи, реформи, трансформации кои ги водеа процесите во времето и просторот со цел да осигураат мир и благосостојба на сите наши граѓани низ целиот свет.

Кога зборуваме за успешни иницијативи, пред да ја спомене Јадранската повелба, без никаков сомнеж моделите “Вишеградска група” (Полска, Чешка, Словачка и Унгарија), ”Вилнус” (Литванија, Летонија и Естонија) послужија како мотивација за соработка и интегративни процеси на државите од Западен Балкан.

Во мај 2003та година во Тирана, Албанија, Македонија и Хрватска како членки во платформата партнерсто за мир, со цел да ги координираат своите активности во процесот на интеграција во НАТО ја потпишаа Јадранската повелба (наречена А3) за регионална соработка, под спонзорство на САД, додека пак Италија, Грција и Турција послужија како ментори и лобисти за нашите држави.

А3 поглавјето се базира на принципот на партнерство и неговите цели беа евро – атлантската интеграција на државите потписнички, имплементацијата на реформите за демократија и владеење на правото, почитување на човековите права и слободи, економски реформи, и сите овие претставуваат база за мир и стабилност во регионот. Ова поглавје беше значајно исто така и во контекст на поширока соработка на неговите членови во соочувањето со предизвиците на регионалните безбедносни проблеми, борбата против организираниот криминал и корупција и безбедноста на нивните граници.

Република Македонија, како држава потписничка на Јадранската повелба ја превзема својата одговорност како придонесувач во заедничките вредности што НАТО земјите членки ги делат, со свое активно учество во мировните операции на Алијансата низ светот.

Да се потсетиме дека Јадранската повелба ги мотивираше своите членови до тој степен во достигнувањето на стандардите и критериуми за членство во Алијансата, што добивањето покана за членство на следниот самит не беше воопшто во прашање.  И сето ова се случи на самитот во Букурешт во април 2008 година – Албанија и Хрватска добија покана за членство во НАТО и станаа дел од оваа моќна организација. Нажалост, Македонија остана пред вратите на НАТО и не ја доби покана поради спорот за името со Грција.

Тоа што се случи во Букурешт беше успех на една иницијатива за соработка во Западен Балкан, иако нецелосно завршена поради недобивањето на покана за ченство за Македонија, покрај нејзината силна посветеност и неуморни напори да стана членка на НАТО. Во тоа време и денес, јас го реафирмирам моето мислење дека лидерите на државите, Македонија и Грција, не покажаа задоволителни политички афинитети и храброст да постигнат компромис за спорот со името, со цел да се надмине последната пречка за Македонија да стане членка на НАТО.

Сепак, покрај искреното жалење што сите го делиме на ова прашање, случајот на Македонија не ги обесхрабри останатите држави од Западен Балкан да застанат со имплементацијата на реформите што ќе ги однесат до НАТО. Напротив, регионалната соработка беше понатаму развивива и денес ја имаме Јадранската повелба во формат А5, примајќи ги Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Проширената А5, со континуирана поддршка од САД, додаде многу повеќе во концептот на регионална соработка во Западен Балкан. Со многу заеднички проекти, активности и капацитети, имајќи две земји членки во групата (Албанија и Хрватска), А5 ден по ден ја зголемуваат својата интеграција во Алијансата. Во овој поглед, ние мора да го препознаеме придонесот на Албанија и Хрватска кои не ја напуштија групата сега кога се земји членки, туку напротив, продолжија да служат како пример во регионалната соработка и прифаќањето на евро – атлантските вредности и принципи кај другите држави во Западен Балкан.

Практиката докажа дека државите од Западен Балкан на нивниот пат кон евро – атлантската интеграција прво се приклучуваат во НАТО и потоа во ЕУ (Србија е исклучок). Оваа детерминација произлегува од фактот дека овој регион има потреба од безбедност и стабилност пред се, и овие вредности се полесни да се сретнат со интеграцијата во НАТО. Вистина е да се каже дека овој аспект позитивно влијае и во забрзувањето на процесот за интеграција во ЕУ, имајќи на ум дека критериумите за членство во НАТО и ЕУ се комплементарни едни на други.
Договорот за разбирање и соработка постигнат помеѓу премиерите на Косово и Србија, г-дин Тачи и г-дин Дачич, под покровителство на Баронесата Ештон е добредојден настан на годината што ја оставаме позади. Овој храбар и значаен дијалог помеѓу Косово и Србија покажува зелено светло на работата што ние како невладини организации ја работиме во промовирањето и афирмирањето на евро – атлантските вредности. Затоа, до нас е да работиме повеќе и понапорно со цел да го внесеме Атлантскиот Совет на Косово во Светската Атлантска Асоцијација како нејзин член.

Евро  - Атлантскиот Совет на Македонија никогаш нема да се двоуми да го даде својот позитивен придонес во секој вид на иницијативи кои ќе донесат поширока и подобра соработка во регионот. Што повеќе се среќаваме и зборуваме, повеќе се ослободуваме од предрасудите едни спрема други.
Затоа, водени од успешните искуства со А3 и А5, во име на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија, јас сакам да ја реафирмирам нашата силна детерминација да ја поддржиме и соработуваме со иницијативата на претседателот на Атлантскиот Совет на Албанија,
г-дин Ариан Старова за по прагматична и координирана соработка на 7те организации од државите во Западен Балкан. Време е нашите организации да служат како модел за успешна соработка во очите на тие што не поддржуваат и го чуваат нашиот грб  - НАТО и ЕУ.

 

Публикации

3natosim