Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|7ма НАТО Студентска симулација
7ма НАТО Студентска симулација PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 30 Април 2018 16:12

Со оглед на успехот и големиот интерес за минатите студентски симулации и сите настани од ваков вид во земјата, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија ја организираше 7-мата НАТО Студентска симулација на тема: "Македонија во пресрет на НАТО Самитот во Брисел".

Настанот беше практично младински настан, каде што студентите симулираа самит на НАТО, превземајќи улоги на шефови на држави и влади и претставници на медиумите. Настанот беше високо образовен поради тоа што им овозможи на студентите поблиску и подлабоко да се запознаат со прашањата на НАТО, безбедноста и меѓународната политика, овој пат во пресрет на Самитот во Брисел.

Учесници на симулацијата беа студенти и млади професионалци, кои беа соодветно подготвени за симулацијата да ги претставуваат земјите членки на НАТО и претставниците на медиумите.

DSC 6280

Симулацијата беше отворена од страна на г. Илија Џугуманов, Претседателот на младите на Евро-Атлантскиот Совет (ЈАТА Македонија).

Специјални гости кои се обратија на учесниците беа д-р Беким Максути, Заменик Министер за одбрана, д-р Стево Пендаровски, Национален Координатор за НАТО, г-дин Исмет Рамадани, Претседател на Евро-Атланскиот Совет на Македонија (АТА Македонија) и Капетан Румен Радев, Шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје.

Г-дин Исмет Рамадани, претседател на АТА Македонија, им се обрати на учесниците со истакнување на важноста на вклученоста на младите во евроатланските интегративни процеси и потребата од такви активности за запознавање на младите со вредностите и идеите на НАТО. Тој рече дека со оглед на фактот дека младите луѓе се движечка сила во градењето на демократијата, овој настан може да им помогне да научат повеќе за овие процеси.

DSC 6340

Д-р Беким Максути, заменик-министер за одбрана, истакна дека ваквите настани можат да донесат многу придобивки за евроатланските аспирации на Македонија. Тој исто така ги поздрави новите реформи кои ги спроведува владата во областа на одбраната и безбедноста.

Капетан Горазд Бартол, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, изрази задоволство од ваквите активности кои ги поддржуваат НАТО интеграциите. Ги охрабри учесниците да продолжат да ги искажуваат своите ставови со цел да научат повеќе за НАТО интеграциите.

DSC 6405

Д-р Стево Пендаровски, Национален Координатор за НАТО, ја истакна целта на Самитот во Брисел и активностите и напорите што ги презема Македонија во пресрет на Самитот во Брисел. Тој ги запозна студентите со многуте аспекти кои ги подразбира интеграцијата во НАТО и обезбеди неколку совети за учесниците и прашањата што ќе ги дискутираат за време на симулацијата.

Претседавач на овогодинешната симулација беше г-ѓа Јуџина Сотири Џони од YATA Албанија.

Учесниците дискутираа, дебатираа и се согласија за усвојување на декларација за време на симулацијата.

Настанот се одржа на 27ми април 2018 година во хотелот Стоун Бриџ во Скопје.

DSC 6296

 

Публикации

3natosim