Кампања за лажни вести Print
Monday, 19 November 2018 20:29



Ексклузивна ВЕСТ! По долги истражувања, НАСА официјално потврди дека земјата е рамна, нема глобални затоплувања и вчеравечер бил виден диносаурус во Пехчево.

Што мислите? Дали поверувавте?

Почитувани, ова е само уште една од многуте лажни вести со кои секојдневно се соочуваме.

Имаш од 16 до 30 години?

Се сметаш себеси за креативна личност?

Имаш смартфон?

Во склоп на проектот “Справување со дезинформациите во Централна и Југоисточна Европа, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија во партнерство со ГЛОБСЕК Институтот од Словачка објавува повик – конкурс за најдобри кратки видео клипови за борба против лажни вести и дезинформации.

Право на учество имаат сите млади од Република Македонија на возраст од 16 до 30 години.

Целта е на креативен начин младите да ги презентираат потенцијалните закани и последици од лажните вести, пропаганди и дезинфирмации. Главно ќе се цени креативноста и самиот поглед на секој од младите автори со цел преку превенција да се ублажат последиците од лажните вести.

Заинтересираните кандидати потребно е да го снимат својот аудио/видео запис за некоја актуелна или смислена лажна вест (по ваш избор) во должина од 10 до 30 секунди и да ја објават на својот Fаcebook, Instagram или Youtube канал најдоцна до 5ти декември 2018 година (среда), со назнака – хаштаг #MusicAgainstHoax #МузикаПротивИзмама.

Записот може да се направи во било која форма (видео, анимација, фото-колаж, анимирано видео, краток аудио запис, неколку стихови, документарно видео, итн.). Оставаме на вашата креативност.

Најдобрите три кандидати, кој ќе бидат оценети од стручното жири ќе бидат објавени јавно и ќе освојат награди во вредност од:

Прво место - 300 Американски Долари
Второ место -  200 Американски Долари
Трето место - 100 Американски Долари

Учествувај и ТИ!!!

Проектот кој трае од почетокот на 2018та година, е насловен “Справување со дезинформациите во Централна и Југоисточна Европа Мапирање на потребите, градење на капацитети, и генерирање на граѓански активизам”, а е поддржан од Стејт Департментот на САД. Во самиот проект кој беше составен од неколку фази, беа вклучени 8 земји/организации од регионот, меѓу кои и Евро-Атлантскиот Совет на Македонија.

muzikaprotivizmama1